Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј 2:0
Пелистер Волеј – Ѓорче Петров 2:0
Пионерската екипа на Пелистер Волеј останува непоразена екипа, а викендов во Битола забележаа две максимални и убедливи победи и нови 6 бода, над скопските ривали Фит Фан Волеј и Ѓорче Петров Волеј.
Пионерките исто како кадетките и младинките се убедливи и ја завршуваат групната фаза со 6 од 6 и загарантирано 1 место, а со ова се израмнија по бројот на победи со кадетките и младинките и сега сите три младински екипи имаат 6 од 6 што претставува повторување на долгорочниот успех кога се работи за млади категории.