Владата, на денешната 109. по ред седница, на предлог на Министерството за култура денеска разгледа и усвои информации за потребата од основање на три национални установи од областа на културата, за коишто Министерството за култура е задолжено до Владата да достави одлуки за основање, а една од ќе се однесува на “Камерен оркестар на Битола“ – Битола
Владата донесе одлука да се основа и нова национална установа “Камерен оркестар на Битола“ – Битола, што се очекува значително да ја зголеми културната понуда на целиот Пелагониски плански регион, опфаќајќи ги градовите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен.