Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: лице од Горно Оризари земало пари за посредување за вработување, предизвикан пожар, приведен дилер, санционирани пешаци

На 13.12.2022 во СВР Битола, 33-годишно лице од Свети Николе, со живеалиште во Битола, 46-годишник од демирхисарско село и 48-годишник од битолско село пријавиле дека биле измамени од лице од село Горно Оризари, битолско. Според пријавеното, во јуни, јули и септември 2021 тие стапиле во контакт со лицето, при што тој им ветил дека ќе посредува за вработување на членови од нивните семејствта во Битола. Како што е пријавено, за услугата тој им побарал паричен надомест, по што му дале пари, но не го реализирал ветеното и до денот на пријавувањето не им ги вратил парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.12.2022 во СВР Битола било пријавено на ул. „Кирил Вангелов Македонски“ во Битола настанал пожар во три контејнери. Според пријавеното, 44 годишно лице од Битола, вработен во фирма на истата улица, во 18.00 часот истурил пепел од пелети во еден контејнер, а потоа околу 20.00 часот, откако повторно излегол од фирмата забележал дека излегува пламен од контејнерите, по што со неговиот колега од Битола и други колеги почнале да го гасат со противпожарни апарати. Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола целосно го изгаснале пожарот, а со повреди се здобило второто лице. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 13.12.2022 во 14.10 часот во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност Битола лишиле од слобода 22 годишно лице од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, во периодот од 08.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. При контролата, санкционирани се 47 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 11 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »