Во големата сала во Центарот за култура во Битола се одржа 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“.
На фестивалот настапија Иво Котевски со песната “РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК“, Николина Лазаревска и Марија Дамјановска со “ШУМАТА ПЕЕ ВО ХОР“, Лука Ристановски со “КАКО СИТЕ ДРУГИ“, Мила Калески со “БОЖИЦА И КРАЛИЦА“, Изабела Настевска со “МЕЧО ШАРПЛАНИНЕЦОТ“, Марија Петковска со “ПЧЕЛКА“.
Пред бројната публика се претставија и Клеа Дамјановска и Ема Каранѓелевска со песнаат “ЛАЛЕ, Лора Николовска со “ИГРАЊЕ И ВИОЛИНА“, Атанасиј Ѓорчевски со “СОНОТ МОЈ“, Ника Лубура со “ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК“, Антоанета Китановска со “BUONGIORNO SENORINA“ и Евгенија Ристевска со “ТИНЕЈЏ ГОДИНИ“.
-На годинашното издание настапија 12 учесници со новокомпонирани детски композиции кои оставија повеќе од прекрасен впечаток, како што доликува на манифестација која постои 22 години во континуитет и која го носи приматот за најдобра детска манифестација во нашиот град и целата држава, ни рече по завршување на фестивалот, директор на фестивалот е Тони Алексовски од име на организаторот “Асоцијација за уметност Алексовски“ од Битола.
Треба да се спомене и тоа дека за сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, за аудио – визулените ефекти “Малче саунд продакшн“, светло Никола Ѓоргиевски, а водител беше Елена Захариевска.
Фестивалот “ТРА ЛА ЛА“ е дел од програмата на советот на општина Битола.

Нови 12 детски песни на 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведен возач возел со 1.78, промили алкохол, приведување за нарушување на ред и мир, тешко повреден млад возач на мопед
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево, температурата до 32 степени.
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
- ФИКТ Битола потпиша меморандум со Министерството за енергетика, рударство…
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот со голем концерт во Хераклеја – спектакуларна вечер на македонска музика, емоции и традиција
- Летна ретро журка “No 8“ во чест на легендарното диско „Орфеј“ – вечер за паметење на 17 јули во Битола
- Автомобилски спектакл во Битола: CAR SHOW 2026 собра 180 возила од 6 земји и покажа огромна хуманостАвтомобилски спектакл во Битола: CAR SHOW 2026 собра 180 возила од 6 земји и покажа огромна хуманост

- Викторија Коцева – девојката која тивко го освојува вниманието
- Трета награда за Анета Љумаковска, Јане Динев и “Анета Бенд“ и песната “После се“ на Валандово 2026









