Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со победа над Јуниор ја потврди третата позиција за пласман во плеј-офот (фото)

Еурофарм Пелистер 2 – Јуниор Кисела Вода 33:23 (14:12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 400
Судии: Горан Ангелевски и Рубинчо Седлоски.

Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристевски 2, Кукуловски 1, Митревски 4, Димовски, Димитровски, Талевски 1, Петровиќ 5, Пет, Атанасијевиќ 6, Ивановски 7, Буторац 2, Југовски 2, Блажевски 2, Арсеновски 1

Јуниор Кисела Вода: Бардакоски, Ацевски, Фидановски 2, Николовски, Крстески, Николовски 2, Лапов 1, Николов 1, Трајчевски, Крстевски 2, Ристовски 1, Митровиќ 4, Симоноски, Андреевски 5, Петровски 5.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со победа во последното коло од групата “Б“ во Суперлигата и како третопласирана екипа се пласира во плеј-офот. Во Битола, младите “пелистерци“ завршија успешна есен победа со 33:23.Гостите од главниот град имаа одличен старт и долго време играа рамноправно, иако “пелистерци“ имаа водство, но не повисока од три гола, а на полувреме беше 14:12.Во првото полувреме “пелистерци“ за само десет минути дојдоа до +7, а како одминуваа минутите  зголемуваше водството, а на крај беше +10 (33-23).

Кај Еурофарм Пелистер 2 наиефикасен беше Ивановски  со 7 гола, Атанасијевиќ со 6  Петровиќ со 5 гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »