Press "Enter" to skip to content

На 3. ретро-журка “Орфеј“ во ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола се забавуваа битолчани од повеќе генерации (фотогалерија)

Предрасудите стари, млади, возрасни, повозрасни… кои постојат како и сите други предрасуди, кои без да се расуди се суди, се срушени. Оние кои присуствуваа синоќа на ретро журката “Орфеј“ како сеќавање на диско-клубот кој во 80-тите години работеше во Битола, тоа и ќе го потврдат.“Friday night fever…“ атмосфера во ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола. Сите играа на звуците на музиката од 80-тите 90-тите години, како во добрите  времиња. Ди-џеите Кекел, Николче Терзиевски и Тркач кои беа задолжени за музиката, ја загреаја атмосферата така да се играше до доцните, рани часови од другиот ден.Журката која започнаа да ја организираат група вљубеници во диското “Орфеј“ во 2019 година, може да се каже дека прерасна во бренд на град Битола. Така синоќа органзиаторите ги испочитува и градоначалникот на нашиот град Тони Коњановски кој со сопругата се забавуваше на журката.-Покажавме дека годините се само бројка, вели Драги Лажијовски  – Брус Ли и додава:-Под мотото “Старо и младо во Расчекор до зори, журката да не спои“ се одржа ретро-журката “Орфел – влез саде парови“, трета по ред. Ноќниот клуб “Расчекор“ не спои да се дружиме ние кои припаѓаме на генерации кои излегуваа и забавуваа во диското “Орфеј“. Имавме можност да се подружиме и да се забавуваме на добра музика.-Синоќа, петок вечер, амбиентот во ноќниот клуб “Расчекор“ доби една друга димензија со прекрасни луѓе, како повозрасни, но и со многу млади што ни направи едно големо задоволство што има млада популација која ја обожава оваа музика. Многу играње, емоции, забава која ја исполни својата цел. Оваа ретро-журка, ќе се оддржува два пати годишно. Една журка на лето и една овој период пред Новогодишните и Божикни празници. Односно оваа журка е проект кој треба да трае и да биде нов бренд и традиција на нашиот град, додава Брус Ли.Организаторите упатуваат благодарност на сите кои во рамките на можностите помогнаа да оваа приказна биде успешна и додаваат:-Генерации сме на кои другарството им беше и ни остана пред се.  Покажавме дека се уште постојат искрени пријатели кои на некој начин придонесоа за истата. Благодарност кон нив и секако повторно се гледаме другата година на лето.-Се бараше карта повеќе“ вели Марио Трифуновски ноќен клуб “Расчекор“, не криејки ги импресиите од вечерашната петочна забава рече:-Едвај ги сместивме сите кои дојдоа. Се присетив на добрите времиња на журките во дискотеката “Орфеј“ кога заради ограничен простор, некои остануваа надвор. Многу успешна журка со ретко добра атмосфера. Иако некои сакаа да организараме секој месец, сепак сметаме дека засега, два пати годишно, ќе биде поинтересно. Ние како организатори  веќе размислуваме за оригинални идеи за летната журка. За тоа кој би биле диџеи, бенд во живо, каков дрес код да има и други изненадувања.  -Шоуто  продолжи вечерва и мора и понатаму, вели Златко Самарџиев, ди-џеј Кекел и додава:-Шоуто продолжи како што се најави. За атмосферата можат да зборуваат само оние кои беа присутни. Секако и фотографиите, на кои се гледа се. Ќе кажам дека се играше цела вечер или ноќ. Се започна во 21:30 часот, за да заврши во 3,30 часот во утринските часови. За атмосферата бевме задолжени ние ди-џеите, но и „публиката“ со нивната реакција, играње, пеење… ни даваше поттик како ние понатаму и која музика да ја пуштаме.  Така се направи еден спој кој доринесе за целата атмосфера синоќа на журката. Музиката не познава и нема граници… Тој што е во душата рокер ќе остани рокер и до 100 години, тука нема млад или стар…Можеби некоја брчка повеќе, или килограм плус, побелена коса…но тоа се „лузните“ кои животот ги остава врз секој човек. Но духот е ист, емоциите автентични, темпераментот се смирува, резултат на  зрелост, карактерот останува ист…Мислата со која сите си заминаа синоќа,но со позитивна енергија  и надеж дека традицијата ќе продолжи со ретро журка на лето.

Жанета Ристевска