Денес, во Битола, во слава на преподобниот Нектариј кој тивко и достоинствено се преселил во вечното царство Христово, на 5 декември 1500 година, голем број верници, денес го исполнија храмот “Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, од каде со света литургија Владиката Петар, во сослужение на други свештени лица беше одбележан на Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на Битола.Потоа, според востановената традиција, низ повеќе битолски улици се одржа Литија која ја предводеа Владиката Петар и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
-Ние го празнуваме патронот на Битола, Преподобниот Отец Нектариј Битолски. Сите оние кои него го прославуваат тој за нив се моли, го славиме Бога што го просветлил и во тој дух денеска се чувствува целата Битола, радосна духовно пред се, заради покровителот нејзин – Преподобниот отец наш, ќе каже митрополитот преспанско – пелагониски г. Петар.
Оваа година, Општина Битола, токму како поттик за младите генерации, преку програмата за култура по повод чествувањето на Свети Нектариј Битолски, доделени се награди за талентираните ученици, кои со својот неуморен труд, постојано го збогатуваат своето знаење, а за тоа имаат одредени признанија.