Од Златибор, Сашо Ристевски
По ноќно возење од Битола до Златибор кошаркарите на Пелистер претпладнево пристигнаа на Златибот каде утре и петок ќе ги играат двата натпревари во рамките на 3. балон на АБА2 лигата.По одморот попладнево, во спорстската сала во Чајетина, кошаркарите под водство на тренерот Марјан Илиевски, помошниците го одработија тренингот и го закажаа нередниот утре во 8,30 часот.
Утре со почеток во 15 часот Пелистер ќе го игра првиот натпревар ќе го играат против екипата на Борац од Бања Лука, Оливер Сапунџиев за овој натпревар рече:
-Мислам дека добро се подготвуваме за дуелите во АБА-2 лигата. Сметам дека фативме добар ритам во последните два месеци, на последниот “балон“ во Златибор извојувавме две победи, па се надевам дека така ќе биде и сега, бидејќи овој терен како да “ни лежи“. Следниот ривал е меѓу главните кандидати за пласман во АБА лигата. Секој натпрвар го гледаме максимално сериозно, така ќе биде со секој ривал, бидејќи нема лесни натпревари“, вели Сапунџиев.
Пелистер в петок ги очекува вториот меч против екипата на Хелиос.