Денес, петок, 23 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 9 степени.
Утре, сабота, 24 декември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо или со ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени.