Press "Enter" to skip to content

Во петок, во пазар, урбани приказни со Кекело… Остаја море, остаја.

Во Битола, покрај кејо на Драгоро на потего од Црн Мос до Кланица имаше десеттици кафеани, ако не и поќе. Некои работеле една до две години, некои со децении. И сега има шо се отворени. (за тие шо не знат, Драгор е реката што течи низ Битола).

Преку лето, кафеаните имаа извадено маси на кејо, демек покрај река да седиш и ладна бира да пиеш (како песната народна шо вели). Драгоро во Битола, како и сите други градски реки во Македонија, во лето наликуваат на … Да бидеме искрени, не наликуваат на река ама ич. Малку вода имат, поточе течи низ град. И не мирисаат баш пријатно.

Кога седиш на маса на кејо, и имаш манато бајаги бири, гравитацијата некако се засилува тамам толку да превагни накај Драгоро место накај кејо. Ете пробајте, ќе видите и сами.

Крај на летото во девеесеттите години.

Седат така друштво од четворица и мават ќебапи со ладна бира. Септември е, уште жештината од летото не попушта. Проретчена сенка од дрвото тамам шо расти на кејо. Сато стана четири поручек, друштвото треба накај дома да си оди, ручек време. Шо ќе речи народо ако ги види и вечерта уште таму седнати со бирите пред нив.

Се договорат дека ќе си одат. Нема поќе, трипати напраја “Ај уште едно и бегаме“. За четвртото се договорија утре да се најдат, здравје Боже (како плоча бетонска да ќе турат утр, толку беа озбилни во договарањето).

Нејсе, станаја сите, пуштат раце да се поздрават, и тамам да тргнат, еден му вели на овој што седеше до ивицата на кејо на Драгоро

– Абе, кај ти е јакната?

– Која јакна?

– Па не ја остај на потпирачо од столицата шо седеше?

Се врти овај со јакната и гледа – столицата падната и јакната ја нема

– Абе стварно кај ми е јакната?

– Абе во Драгоро да не ти падна? му вели вторио

И сите се наведнуват над ивица, гледајќи долу во коритото.

И – јакната долу, в корито во то малку вода шо течи.

Тишина. Кој да прозбори прв сега …

– Абе подолу нели има скали? Ќе слезиме ќе ја земиме, вели четвртио.

Се сложуваат гласно другите двајца, ама овај шо му падна јакната во Драгоро, молчи.

Ги гледа сите редум, така значајно и вели:

– Остаја море, остаја. Газда дај малку сјај за пајнци. Да ја потурам. Нека накисни до утре, сабајле тамам ќе ја земам.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »