Од Златибор, Сашо Ристевски
По поразот на “балонот“ во Златибор од екипата на Борац, попладнево кошаркарите на Пелистер од Битола ги очекува нов натпреварм овој оат против екипата на Хелиос, кој е еден најсериозните кандидати за влез во елитата.Димитар Караџовски е свесен за квалитетите на следниот противник, но верува дека овој Пелистер може да стигне до изненадување, а за вечерашниот натпревар вели:
-Хелиос имаше одлична ланска сезона, играше во плеј-офот, каде беше елиминиран. Годинава исто така е во добра форма и е без пораз. Има шест играчи од минатата сезона, кои се костурот на тимот и поради тоа се главни претенденти за влез во АБА елитата. Ние ќе се потрудиме да одиграме што подобар натпревар. Свесни сме дека ни фали висок играч под кошевите, а не е во наш прилог ниту густиот распоред и многуте патувања. Но, ќе дадеме сè од себе да се покажеме во најдобро светло и се надевам дека ќе успееме во намерата да го изненадиме противникот“, вели искусниот плејмејкер.
Заморот и скратената ротација си го зедоа данокот и тимот на Марјан Илиевски имаше 48 часа да се одмори и рекуперира пред дуелот со уште потежок противник, словенечки Хелиос Санс. Од своето искуство од играње во Словенија, Сеад Хаџифејзовиќ имаше само позитивни зборови за овој клуб.-Генерално во Златибор играме со можеби најдобрите екипи во лигата, Борац и Хелиос. Очекувам позитивна реакција по поразот во средата. Одигравме без енергија, можеби нè стигна и заморот и поголемата ротација на тимот на Борац им дозволи лесно да победат. Но, што да се прави. Ни следи натпреварот со Хелиос, верувам дека ќе дадеме повеќе енергија на теренот, борба и карактер каков што имавме досега. Се надевам на подобар натпревар и дека сите ќе одиграме подобро отколку што одигравме против Борац. Екипата на Хелиос е многу добра екипа, која со години е заедно, имаат добар систем на работа. Со оглед на тоа што играв во Словенија знам дека се работи за организиран клуб, каде се знае кој што треба да работи и резултатите не се случајни. Овој тим расте со години и цел им е првото место и враќање во АБА лигата каде што некогаш беа.
Натпреварот Пелистер – Хелиос се игра попладнево од 18:00 часот во Златибор.