Во рамките на проектот CAST (Capacity building for success – foSTering youth professional realization and employability), финансиран од Еразмус+ на Европската Комисија, преку конзорциумот на соработници во кои е вклучен ГАУС институтот од Битола дејствува на полето на унапредување на вештините на младите од регионот.Во тој контекст, студентите од Универзитетот Св. Климент Охридски и бројни соработници, во текот на 2021 и 2022 година добија најразлични обуки, менторства за градење вештини за вработливост и професионална реализација.
Како една од поважните активности беше и учеството на тим студенти, под менторство на проф. Д-р Рената Петревска Нечкоска, кои истражуваа на тема: Работен ангажман на младите за време на студиите, во Студентската конференција на Универзитетот Св. Климент Охридски. Истражувањето ги констатира состојбите на универзитетите низ државата, но и генерираше совети и препораки како од самите студенти, така и од светски и регионални практики, во правец на унапредување на можностите за комбинирање на работниот ангажман и студиите.
Својот истражувачки труд, кој беше и со нов методолошки предизвик – кокреација на десет коавтори, покрај тоа што беше презентиран на Студентската конференција на УКЛО, ќе биде обработен и преведен на Англиски јазик за понатамошно публицирање.
Во конзорциумот, заедно со ГАУС институтот од Битола како носител на активностите за Република Северна Македонија, во проектот CAST партнери се и Udruzenje Osvezenje Prona – Fondacija za Promovisanje Nauke Црна Гора, CRA Bulgaria, ProGlobal Romania Pgsa Bucharest, DIR Bosnia and Herzegovina, CCP Albania, FORTES Impresa Sociale SRL Италија.

Еразмус проектот CAST, преку ГАУС институтот – плодотворен за професионалната реализација на младите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фарук Мемиќ еден од тренерите на младинците на Еурофарм Пелистер од Битола: очекуваме да бидеме изненадување во Келн, одиме мирно и сталожено до нов успех
- Претставени мерките за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025
- Кога инфлацијата ти чука на врата, а Excel табелите ти изгледаат како хиероглифи
- СВР Битола: тројца малолетници повредени на судар на два моторцикли, лекарка пријави физички напад, физички напад, приведување…
- “Овде секое дете има шанса да заблеска“ – прослава на знаењето и трудот на учениците од ОУ “Стив Наумов“ Битола (фото)