Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ќе ги претстави идејните решенија за спортска сала и уредување на коритото на Драгор

Денес во 11:30, во Офицерскиот дом во Битола, ќе биде отворена изложба на конкурсните трудови за Конкурс бр.1 на општина Битола, за:

1. Изработка на идејно решение за спортско – рекреативен центар во Битола во К.О Битола 1/2 Г.П. бр.15.17 согласно ДУП за АРМ, Четврт 2, Општина Битола
 
2. Изработка на идејно решение за регулирање на речен ток на река Драгор со каскадно смирување на токот и крајбрежни велосипедско – пешачки патеки со соодветни пропратни содржини, од месност Црн мост до западна граница на опфат на ГУП на град Битола

Изложбата ќе биде отворена секој ден до 31.12.2022 година.