Press "Enter" to skip to content

Денес 21. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред 51 точка

Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес 27 декември 2022 година ја закажа  21. седница на Советот на Општината Битола, а според предлог на дневниот ред ќе се расправа по 51 точка.

Ќе расправа за финансиските планови на јавните претријатија, уличното осветлување, програмите за животна средина, а комплетниот дневен ред е:

1.Финансиски план за работа на ЈП „Комуналец“ за 2023 година.

2. Финансиска програма за одржување на јавната чистота на јавните површини на територија на Општината Битола за 2023 година

3. Финансиска програма за одржување на јавните зелени површини на територија  на Општината Битола за 2023 година

4. Оперативна програма за 1.поправка и одржување на улично осветлување  (тековно одржување – замена на живините, натриумовите и флуорецентните светилки со лед светилки заради поголема енергетска ефикаснсот на целиот систем за улично осветлување) на подрачјето на Општина Битола рурални средини за 2023 година, 2.осветлување на пешачки премини, 3.осветлување на реконструирани улици во Општина Битола и 4.поставување на РТ до ТС на Булевар 1-ви Мај и ул.Васко Каранѓелевски.

5. Оперативна програма за поправка и одржување на улично осветлување на подрачјето на Општина Битола, рурални средини од реоните Бистрица, Цапари и Кукуречани за 2023 година.

6. Оперативна програма за поправка и одржување на улично осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола за 2023 година

7. Годишен план  и Програма за работа на KЈП „Нискоградба“ за 2023 година. 

8. План за работа на ЈП „Пазари“ за 2022 година. 

9. План за работа (Програма за работа и развој) на ЈКП „Водовод“ во 2023 година.

10. План за работа на ЈПСИЗ „Жабени“ во 2023 година.

11. Финансиски план и програма за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2023 година.

12. Програма за работа за 2023 година за ЈППЈЛП Битола. 

13. План за работа на Меѓуопштинско Јавно претпријатие ПЕЛАЛИНК Битола за  2023 година.

14. Годишна програма за работа за 2023 година на ЈОУ Културен информативен  центар Битола.

15. Годишна програма за работа на ОЈУ Зоолошка Градина Битола за 2023 година.

16. Годишна програма за работа на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола за 2023 година.

17. Финансиски план на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“Битола за  2023 година.

18. Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општината Битола за 2023 година.

19. Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето  на Општина Битола за 2023 година.

20. Програма за одржување на комунални објкети и инсталации, локална  патна мрежа и улици во Општина Битола за 2023 година.

21. Програма за измени на Програмата за Развојни планови на Општина  Битола за периодот од 2023 до 2025 година.

22. Елаборат за проценка на штета од земјотрес во Општина Битола на ден  09.01.2022 година.

23. Програма за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2023  година.

24. Програма за економски развој на Општина Битола за 2023 година.

25. Програма за туризам на Општина Битола за 2023 година.

26. Програма за образование во Општина Битола за 2023 година.

27. Програма за социјална заштита во Општина Битола за 2023 година.

28. Програма за еднакви можности во Општина Битола за 2023 година.

29. Програма за активностите во областа на спортот и младите во  Општина Битола за 2023 година.

30. Програма за култура во Општина Битола за 2023 година.

31. Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште  во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола за 2023 година.

32. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на  располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.

33. Програма за Животна средина во Општина Битола за 2023 година.

34. Програма за финансирање на изработка на Урбанистички планови на  подрачјето на Општина Битола за 2023 година.

35. Оперативен план и Предлог  Програма за спроведување на системска  дератизација на каналски систем, јавна депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта на територија на Општина Битола за 2023 година. 

36. Оперативен план и Предлог  Програма за контрола и уништување на  комарците на територијата на Општина Битола 2023 година.

37. Одлука за донесување на УП за село Нижеполе – Општина Битола.

38. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на простории на  Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирње на јавен превоз на патници во Општина Битола.

39. Одлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната  вредност на градежното земјиште за календарска 2023 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на Општината Битола по Катастарски Општини.

40. Одлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната  вредност на земјоделско земјиште, шумите и пасиштата за календарска 2023 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на Општина Битола по Катастарски Општини.

41. Одлука за кофинансирање на проект “Подобра социјална инклузија преку  изградба на инфраструктура за млади, спорт и рекреација во руралните и урбаните средини во Пелагонискиот регион“.

42. Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за  градежна парцела 5.2 и градежна парцела 5.4 (дел од КП бр.1639/1, КП бр.1639/2 и КП бр.1639/4 КО Битола 4) согласно ДУП за Ушици Блок 5 Битола (Одлука Бр.07-3787/20 од 29.12.2008 година) со намена комерцијални деловни намени, Општина Битола.

43. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработа  помеѓу Општина Битола и Општина Новаци. 

44. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработа  помеѓу Општина Битола и Општина Могила. 

45. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на цени на  услуги и надоместоци на јавните паркиралишта во Општина Битола (ЈППЈЛП Битола).

46. Годишен план за вработување во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола за  2023 година.

47. Решение за уврдување на надоместок за членовите на Комисијата за  урбанизам. 

48. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на  Статутот на ЈКП „Водовод“Битола.

49. Решение за давање согласност на Статутот на Приватната установа за вон  семејна социјална заштита на стари лица Св.Спас с.Кравари Битола (пречистен текст).

50. Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа  на Советот на општината Битола за 2023 година.

51. Решение за именување на членови во Локалниот Совет за волонтерство на  Општина Битола.