Основното училиште “Стив Наумов“ денес го организира новогодишниот базар во кој беа вклучени ученици од сите класови, наставници, професори, родители. Базарот има химанитарен предзнак, а директорот на училиштето Никола Пискачев, вели дека утре по п0вод новогодишните и божикните празници ќе подарат новогодишни пакетчина на учениците во Заводот за деца со оштетен звук и говор “Кочо Рацин“.
-Ме радува што сите се одзваа на поканата да бидат дел од новогодишниот базар, а ние како училиште се надеваме дека со нашата скромна донација која е од учениците и вработените во училишето барем малку ќе им ги развеселиме празниците кои следуваат, вели Пискачев, а ние денешниот настан го искористивме и за краток разговор со него, за тоа како ја помина првата година како директор.Пред вашето назначување како директор, работевте како наставник во одделенска настава и бевте ценет помеѓу учениците, пофален кај родителите и одличен педагог. Во изминатата година имате чест да го водите ООУ „Стив Наумов“, како се соочувате со предизвиците?
-Како наставник ме исполнуваше работата со учениците, исто така имав прекрасна соработка со родителите, со колегите, со стручната служба. Раководењето со училиштето ми беше голем предизвик, пред да ја преземам функцијата директор, секако многу ми значеше и сè уште ми значи и ми е од голема помош соработката со стручната служба и воопшто тимската работа со сите вработени во училиштето. Поддршката од родителите ја имав од првиот ден, па сè до ден денес. За мене како личност секој предизвик претставува мотивација, а во овoј случај она што ме води е љубовта кон децата, вербата дека секое дете е посебно и крие во себе нешто на кое мора да му се даде можност да се развие. Ние сме моделатори на личноста кои вешто ги комбинираат деловите на стекнатото воспитување, усвоените навики и знаења, културното наследство, креативноста и талентот кое секое дете ги носи во себе. Работата како директор на училиште е комплексна со многу предизвици и да бидам реален не е воопшто лесна, меѓутоа правилното екипирање, отворениот и искрен однос кон сите чинители на училишниот живот, вродуваат со плод.Каква е соработката со родителите и со локалната средина и со локалната самоуправа на Битола?
-Нашето училиште опфаќа голем реон на згрижување на деца во воспитно-образовниот процес. Како училиште со голем број на ученици, а со тоа и на родители, многу сум задоволен од соработката. Кај нас одлично функционира Советот на родители со кој во текот на оваа година се организираа повеќе хуманитарни акции, еколошки акции и ред други активности. Исто така и соработката со локалната самоуправа е на високо ниво. Еве тука упатувам јавна благодарност до јавните претпријатија „Комуналец“ , „Нискоградба“ и тоа како придонесоа на средување на школскиот двор, редовно чистење на дворот.Која е визијата на училиштето со кое раководите, целта и какво сакате да изгледа Вашето училиште во наредните години?
-Остварување на визијата и мисијата на училиштето односно создавање на модерно и современо училиште со позитивна клима за работа и меѓусебно почитување, кое создава успешни, хумани, чесни и креативни граѓани којшто придонесуваат за развој на општеството се моите приоритетни цели.Што е тоа што ве прави особено горди, а сте го постигнале со вашата работа и ангажман на раководната позиција во училиштето?
-Позитивната клима за работа во училиштето и правото на учество на сите наставници подеднакво во одлучувањето по одредени прашања значајни за работата на училиштето, како и можноста за континуиран професионален развој на наставниците, се моите методи и начини на инспирација.
Кои се вашите планови и цели за иднина?
-Подобрените услови за работа преку реновирање на училиштето, нова енергетска ефикасна фасада, фотоволтаици за производство на сопствена струја и штедливост, спортска сала, паркинг простор за вработените и родителите, хортикултурно уредување на задниот дел од училишниот двор, набавка на современи наставни средства и помагала потребни за една современа и модерна настава, мислам дека исто така инспирирачки делуваат.За крај една новогодишна порака до вашите ученици, родителите и до вработените во ООУ „Стив Наумов“-Битола.
-Да сме сите пред сè луѓе, да разговараме за сè, бидејќи сè се решава со разговор, да се трудиме сите училиштето да го направиме пријатен дом за нашите деца да се чувствуваат спокојни, мирни, полни со задоволство и всушност да го почувствуваат училиштето со неговата цел, а тоа е да станат изградени, позитивни, зрели, хумани личности. Добрите наставници се секогаш отворени и не се плашат од усовршување на вештините на предавање, тие успеваат да го отворат скриениот талент и вештините и стрпливо чекаат да бидат покажани од нивните ученици. На учениците би им порачал да бидат вредни и постојано да учат, да стекнуваат знаења и вештини, да ги ценат и да се радуваат на малите работи, но работи кои тие сами ги постигнале или учествувале во нивното создавање. На родителите би им порачал да ги сакаат своите деца, и да им овозможат да го растат детството како деца, но и да вложуваат во нив. Тие се најчистите, најискрените души што во голема мера зависи од сите нас какви ќе бидат.