Во поединечна конкуренција победници се Лаура Ангеловска и Владимир Талевски.
Во мецот кој изминува, декември се одигра Училишната кугларска лига на Општина Битола, а претходно двата месеци октомври и ноември беа подготовителните тренинзи на кугларите. Победник во екипна конкуренција е ОУ “Коле Канински“ со 18 бодови, второпласорани се куларите од ОУ “Св. Климент Охридски“ со 15 бода, а на трето место е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“ со 12 бода.Во Училишната кугларска лига на Општина Битола учество зедоа 7 основни училишта од Битола и настапија вкупно 56 ученици од 9-то и 8-мо одделение. Беа одиграни вкупно 21 натпревар организирани во 7 кола. Се куглаше само во полни постави 10х4, со 140 мм кугли. Секоја екипа имаше вкупно 240 кугли и 30 кугли за загревање. Во официјалниот дел на Училишната кугларска лига на Битола вкупно 11.340 кугли и беа срушени вкупно 23.996 дрва. Фантастични бројки.
Во поединечна конкуренција во машка конкуренција победник беше Владимир Талевски, втор Петар Пуровски и трет Андреј Апостоловски, додека кај девојките најдобра беше Лаура Ангеловска, Емилија Илијевска беше втора додека на трето место се пласира Антониа Стојковски