Во рамките на активностите на ГАУС институтот од Битола, како дел од конзорциумот на CAST проектот кој работи со Еразмус+ грант од Европската комисија, во месеците мај и декември, се одржаа работилници за слепи лица.На работилниците беа презентирани најнови технологии на 3-д тактилни модели, слики и текстови кои би користеле во унапредување на квалитетот на живот на слепите лица. Истовремено, младите посетители добија идеи и насоки за транскрипција на текстови со тактилни графики, како потенцијална професионална насока.
Во рамките на CAST проектот (Capacity building for success – foSTering youth professional realization and employability), ГАУС институтот од Битола како носител на активностите за Република Северна Македонија дејствува заедно со партнерите Udruzenje Osvezenje Prona – Fondacija za Promovisanje Nauke Црна Гора, CRA Bulgaria, ProGlobal Romania Pgsa Bucharest, DIR Bosnia and Herzegovina, CCP Albania, FORTES Impresa Sociale SRL Италија.

Работилници со тактилни модели, слики и текстови во организација на ГАУС институтот, како дел проектот CAST
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
- Во Битола облачно со врнежи од дожд, температурата до 6 степени
- СВР Битола: пријава за напад од две лица, каснување од куче скитник
- Завршен настан од проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ (фото)