Press "Enter" to skip to content

Полицијата на дружба со дечињата од ОУ “Елпида Караманди“

Денеска, полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, на плоштадот, кај Офицерскиот дом во Битола одржаа предновогодишна едукативна работилница и дружба со дечињата од основното училиште “Елпида Караманди“, како и други дечиња.

На дечињата им беа претставени сообраќајните правила и прописи важни за нивно безбедно движење, а беа запознаени и со опремата и средствата за работа на полицијата во СВР Битола. На дечињата им беше поделен и едукативен материјал.