Press "Enter" to skip to content

Битолчани со Исмаил и “Љубојна“, Дедо Мраз, честитка од градоначалникот и огномет влегоа во Новата 2023 година (фотогалерија)

На платото пред Офицерски дом во Битола“, битолчани во голем број, покрај на платото, околу Офицерски и на Широк Сокак, точно на полноќ кога се преклопија сказалките на “саатот“ во Битола, со огномет влегоа во Новата 2022 година, со дочек кој го организираше Општина Битола, насловен “Зимска приказна“, која по втор пат се организира во Битола и годинава траеше осум дена на две локации.На платото пред Офицерски заедно со сопругата и најблиските соработници беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој пред полноќ им се обрати на битолчани, им заблагодари за поддршката и посетеноста на настаните во изминатите осум дена.-Битола, вечерва, пред Новата 2023 година, е центарот на Македонија, со најубавиот дочек и она што претходеше во изминатите осум дена. Ви посакувам во новата 2023 година да бидеме сите живи, здрави, да не прати среќа и годината која е пред нас да биде бериќетна, рече Коњановски.Пред полноќ, одбројувањето го започна Дедо Мраз, додека на фасадата на Офицерски се прикажуваше мултимедијалниот настан кој беше дел од “Зимската приказна“, што наиде на задоволство на присутните, кои уживаа во визуелните проекции.Битолчани во новата година влегоа со концертот на групата “Љубојна“ со гласот на Вера Јосифовска, а заедно со нив одличен настап, како и секогаш во Битола имаше, нашиот сограѓанин, Ислаил Љумановски, кој допатува специјално од Америка.Во вечерната програма од 21 часот се одржа мултимедијален спектакл за деца и возрасни “Зимска приказна“ – адаптација на приказната “Снежната кралица“ на Ханс Кристијан Андерсен, концерт на “LUCENT“, а по полноќ Никола Зацевски и групата “Мелем“.Во пладневната програма се одржа “траш-фешн“ на учениците од ОУ “Кирил и Методиј“ од Битола, настапија звездите на ,“СИ ДО“, се одржа детска театарска претстава “НОВОГОДИШНА ЗБРКА“, се читаа песни и рецитали на Влашки јазик и детска театарска претстава “НОВОГОДИШНИ СВЕТУЛКИ“. 

Фотографии: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »