-Неколку илјади битолчани на плоштадот “Магнолија“ во Битола, влегоа во новата 2013 година со огномет кој ги воодушеви присутните и настап на голем број музички ѕвезди, ја
испратија старата и ја пречекаа Новата 2013 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Точно на полноќ, кога стрелките на часовникот се поклопија, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на своите сограѓани, им ја честита Новата 2013 година.
Со него на бината беше Владо Јаневски, кој ги воодушеви битолчани заедно со други музички ѕвезди од Битола и Македонија, кои на присутните им приредија вечер за паметење.
Во 2013 година првото новороденче кое се роди на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Битола беше машко и се роди првите минути по полноќ.
Бебето го доби името Илијан, а среќна на стартот на годината беше мајката Моника Унчевска.

Деновиве пред 10 години: во 2013 битолчани “влегоа“ со Владо Јаневски, првото бебе машко (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Младински креативен конкурс за дизајн на маица дел од “Креативниот ден“
- Никола Граховац: чест е да се игра против Барса, а мислиме и на Вардар
- Бесплатен Wi-Fi во срцето на Битола, во стариот градски пазар
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)










