Press "Enter" to skip to content

“Зимска TRASH FASH приказна“ на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиj“ Битола

-Над 40 “Trash Fash“ костими изработени од отпад и рециклирачки материјали, креирани од ученици со своите ментори од најстарото училиште во Битола.

-Модно музичкиот перформанс “Зимска магија“ и “Trash Fashion со модели зима 2023 година во рамки на “Зимската приказна“ која ја организира Општин Битола.Снегулки, облачиња, Дедо Мраз, Баба мразица, зимска самовила… костими во рок стил инспирирани од рок ѕвездата Фреди Меркјури и хитот “Don’t stop me now“. Тинејџерите од 8 и 9 одделение храбро чекореа и дефилираа на модна писта на платото пред Офицерскиот дом Битола. Во рамките на Зимската приказна на 31 декември ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј “ Битола имаа интересен моден перформанс  „Зимска магија“ .Жанета Тошеска, директор на ОУ “Св. Кирил и Методиј “ Битола за учеството на ницните ученици во прославата на Новата година изјави:

-Задоволни сме што настапуваме во рамки на „Зимската приказна“, каде голем број луѓе може да ги видат костимите кои нашите ученици со своите ментори ги изработуваа подолго време, подготвувајќи се за овој настап. Како еко училиште со добиени неколку еко знамиња, пренесивме пораки за рециклирање и зачувување на средината. Исто така тимот ментори кој работи со надарени и талентирани ученици во нашето училиште ја реализира целосно својата мисија.Жанета Ристевска координатор на проектот, психолог во училиштето, за продолжување на традицијата на одржување на вакви еко-модни ревии рече:

-Мило ми е што се продолжува традицијата со изработка на креации од отпад и рециклирачки материјали во нашето училиште. Овој е трет по ред „TRASH FASH“ моден перформанс. Пред пандемијата имавме многу успешни креации на тема делата на Ван Гог. Голем е предизвикот да се работи со талентирани и надарени деца.Тие ја имаа цела наша поддршка за реализација на идеи за настапот. Со „Trash fash“ креациите всушност се увидува дека од отпад може да се прави уметност, облека, накит, предмети. Низ проектот покрај развивање на креативнсота се развива и една убава клима на соработка и дружење меѓу учениците. За време на подготовките на овој проект учениците беа многу мотивирани и нашето училиште овие 2,3 недели пред празниците беше во знакот на TRASH FASH еуфорија.Катерина Петровска ментор на ученици од предметна настава, за ова издание на “TRASH FASH“ на платото пред Офицерски дом во Битола кои ученици беа вклучени вели:

-Беа вклучени ученици од 8 и 9 одделение, предметна настава кои сами ги изработија своите костими. Ние менторите им бевме поддршка во избор на стилот, материјалите, како да ги шијат… Еве и денес и покрај многу ладното време и магла тие како големи професионалци дојдоа на време целосно подготвени. Тоа покажува за ентузијазмот и мотивацијата, со кои тие се вклучија во проектот. После завршувањето пројавија интерес и идеи за следна „Trash fash“ ревија.Весна Јанкулоска ментор ученици одделенска настава додаде:

-Во перформаснот беа вклучени моите ученици од 5 а одделение. За нив се изработија 24 костими: снегулки, облачиња, Дедо мраз, баба мразица…Тие се претставија со музички перформанс „Зимска магија“ пренесувајќи пораки за Среќна Нова 2023 година. Голема поддршка беше што добивме отпаден материјал многу метри најлони од родителот Наташа Томоска. Со тоа и  големи можности за реализација на идеи при изработка на костимите. Со нив ја обележавме и нашата модната писта. Покрај најлон, користевме и весници, салфетки, светкави траки…На крајот може да се види дека од отпад направени се прекрасни модели.Присутните на настанот уживаа и имаа можност да видат еден  необичен моден перформанс со интересни  рачно изработени модели, „Trash Fash“  уметност од учениците на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола.

Фото: Даниела Јовановска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »