Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведена битолчанка барана по потерница, битолчанка физички нападната-приведен напаѓачот

На 04.01.2023 во 22.30 часот на ул. “Јорго Костовски“ во Битола, по наредба од Основен суд  Битола, страна на полициски службеници од СВР Битола привеле 46 годишна жена од Битола, која била барана по потерница за издржување затворска казна. Лицето било спроведено  во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на затворската казна.

На 04.01.2023 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 34 годишник  од село Мусинци затоа што со употреба н сила влегол во домот на 41 годишна жена од Битола и физички ја нападнал. По целосно документирање нас лучајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

More from ВестиMore posts in Вести »