Младата авторка Ивана Христова, ученичка во ОСМУ “Д-р Јован Калаузи“ од Битола во декември месец имаше организирано хуманитарна промоција во Битола на која присуствуваа писатели, читатели и љубители на пишаниот збор.Под мотото “Да бидеме нечија среќа“ авторката ја промовираше својата прва стихозбирка “Огнот во мене“, а собраните средства од книгата, ги намени за донација во вид на пакетчиња за децата во детското оддемение при Клиничка Болница ,,Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
-Се оствари мојот сон. Сакав еден ден кога ќе имам можност, да направам донација, било за што да е. Со помош на првата моја книга, отворив многу видици на мои генерации и млади деца, но и на возрасните со цел да нè разберат дека живееме во едно поинакво време од нивното. За да допре до секој читател, организирав хуманитарна промоција од која собраните средства ги донирав во пакетчиња за да направам чиста насмевка во сета болка и мака на хоспитализираните дечиња од детското одделение, во ова време невреме. Благодарна им сум на сите, кои во најголема мера, колку што можеа помогнаа да се направи овој мал гест, а за некому да значи многу, рече Ивана во текот на посетата.
Во текот на посетата, таа беше пречекана од началничката на одделението д-р Оливера Груевска, специјалист педијатар и главната сестра Ленче Петровска.
Книгата може да се купи од книжарницата “BOOK’S HOUSE“, а парите повторно ќе одат во хуманитарни цели.

Ученичката Ивана Христова средствата од продадената книга ги донира за децата од детското одделение и со тоа си го оствари сонот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно и студено
- Марјан Илиевски по победата над Сутјеска: во натпревар кој е лош по здравјето, најважна ми е победата
- Нова кампања на СВР Битола – “Безбеден град, безбедна заедница“
- Расчистени пет тешки кражби во Битола, пронајдените украдени предмети вратени на сопствениците
- Прв контролен натпревар и победа на Пелистер во Струга