Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер во Битола го започнуваат пролетниот дел, Сапунџиев посакува реванш на Гостивар

Денес со натпеварот во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ кошаркарите на Пелистер го отвораат пролетниот дел од оваа кошаркарска сезона, а противник во првото пролетно коло ќе биде екипата на Гостивар. 

“Пелистерци“ имаа напорните подготовки во Битола, кои започнаа на 3 јануари, а за денешниот натпревар кошаркарот Иван Сапунџиев вели дека се подготвени да возвратат за тој пораз од пред пет месеци.

-Трениравме напорно во претходните две недели. Очекуваме победа на оваа средба и на еден начин да му вратиме на противникот за поразот во првото коло на стартот на годинашната сезона, кога не поразија во Гостивар. Атмосферата во екипата е одлична, имаме нов кошаркар Маслинко кок одлично се вклопи во тимот и сигурно ќе ни биде од голема помош во предизвиците кои што ни следуваат. Спремни се за овој дуел и за прва пролетна победа во Битола.

Средбата меѓу Пелистер и Гостивар е со почеток од 18:30 часот. Потоа “пелистерци“ заминуваат на нов АБА2 балон и во Бања Лука ќе се сретнат со Спарс и Сутјеска. 

 
 
More from СпортMore posts in Спорт »