Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќеска санкционирани 10 возачи за управување под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22 до 03 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 10 возачи.Од нив 8 на територија на Битола и 2 во Прилеп.

За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »