Пелистер – Спарс Илиџа 99:71
Кошаркарите на Пелистер од Битола во рамките на третиот “балон“ оваа сезона кој се одржува во Бања Лука убедливо ја победија екипаѕа на Спарс Илиџа со резултат 99:71 и направија чекор кој пласман во завршницата од АБА2 лигата. Во овој натпревар кошаркарите на Пелистер погодија тринаесет тројки, а добро играа во сите фаза на играта.
Спарс Илица добро ја отвори првата четвртина и имаше водство, а така и беше по 10 минути игра 23:28 за Босанците. Инаку во првата честртина двете екипи се менуваа во предноста, а Спарс предноста ја направи во последните три минути. Втората четвртина започна во знак на “пелистерци“ кои по три минути игра го презедоа водството по серијата 9:2. Потоа екипата на Илиевски фати ритам, се разиграа сите линии и на одморот предноста првпат достигна двоцифрени бројки +13 (38:51).По одморот екипата на Пелистер, во третата четвртина тргнаа одлично и дојдоа до предност од 21 поен на три минути до крајот на третиот квартал, во кој Пелистер доминираше. Во последната четвртина се влезе со предност од 77:56 и победникот беше решен. Последната четвртина беше само формалност, битолчани со атракции и го завршија натпреварот и извојуваа победа од 99:71.
Најефикасни во тимот на Пелистер беа Карпентер со 23, Караџовски со 22 , Карутерс со 19 и Хаџифејзовиќ со 16 поени.
В петок македонскиот вицешампион го игра вториот натпревар на “балонот“ во Бања Лука, а противник ќе му биде Сутјска од Никшиќ.