Денес, четврток, 26 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 2 степени.
Утре, петок, 27 јануар, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 2 степени.