Денес во просториите на Будо-центарот во Битола се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии за лиценцирање за 2023 година. Семинарот беше во организација на џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на џудо клубот Пелистер од Битола.
На овој семинар присуството зедоа претставници на 15 клубови членки на ЏФСМ со околу 50 спортски работници, тренери и судии, а учесниците ги поздрави Владимир Трпаноски претседател на џудо федерацијата.На овој семинар со свои теми излагања имаа д-р Јован Велески, психолог член на здравствена комисија, д-р Сашо Бојаџиев специјалист по хирургија претседател на здравствена комисија м-р Миодраг Стојановиќ специјалист по нутриционизам и исхрана, генерален секретар на ЏФСМ и Томе Јосифоски претседател на судиска комисија при Федерацијата.
По завршувањето на семинарот сите присутни се здобија со сертификати за учество кои беа доделени од страна на претседателот Владимир Трпаноски, под раководство на претседателот на дан комисијата Ѓуро Илик – 7 Дан се одржа полагање за кафеав појас-кандидат мајсторски појас.