Press "Enter" to skip to content

Свечен концерт на камерниот оркестар “Нонет +“ во Офицерски во Битола

Свечен концерт по повод 60 годишнината од Музичката младина на Македонија одржа синоќа Камерниот ансамбл “Нонет +“ во КИЦ Офицерски дом во Битола.

Големиот јубилеј на МММ беше одбележан со целовечерна концептуална духовна музика од различни епохи и стилови што гудачите на “Нонет + вдахновено и инспиративно ја изведоа пред битолската публика, под диригентство на Ангел Спироски.

Концертот следеше по воведното претставување на исклучително богатата, музичка, концертна и друга активност на МММ во изминатите 6 децении плодна работа.Со своите над 10 илјади настани, концерти, претстави, музички кампови, семинари и други ивенти, Музичка младина на Македонија се втемели во музичкиот живот и култура на Македонија со бројни значајни имиња од современиот музички живот на нашата држава.

Долг е списокот на современи музички репродуктивци, инструменталисти и вокални изведувачи како и композитори кои се афирмирале преку активностите на МММ, чии концерти и настапи ги проследиле над еден милион гледачи и слушатели од земјава и странство.

Со своите активности, МММ е едно од најголемите културни и уметнички движења во Македонија и вистински извор и репрезент на оригиналноста, посебноста и богатството на исклучително плодната милениумска музичка традиција на Македонија.

Д.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »