Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќеска 13 возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер  (28/29.01.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 13 возачи.Од нив 8 на територија на  Битола и 2 во Прилеп,2 Ресен и 1возач во Демир Хисар . За време на контролата биле санкционирани и 17 останати прекршоци.

 Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »