Press "Enter" to skip to content

Ларс Валтер и  Вилсон Дејвис за поразот од Војводина во 1. коло од СЕХА лигата

На стартот  на новата сезона од регионалната СЕХА-лига Еурофарм Пелистер од Битола играше во Нови Сад против Војводина и е поразен со резултат 29:24, а за овој натпревар на офоцијалната прес конференција зборува тренерот Ларс Валтер и  Вилсон Дејвис.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер рече дека битолчани имале проблеми во одредени сегменти во играта:-Агресивната 6-0 одбрана на Војводија ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност. Сепак, тоа е заслуга и на нашиот противник. Не работевме комплетни овој месец и ритамот ни е пореметен. Но, нема изговори, загубивме од подобар тим и треба само да работиме за да се подобриме.

Вилсон Дејвис на прес-конференцијата како коментар на натпреварот рече:-Честитки за Војводина за заслужената победа. Беа добри во одбрана и помалку грешеа. Не сме среќни со овој пораз, но половина од тимот беше на Светско првенство и не работевме заедно. Мора да анализираме каде погрешивме и да се поправиме за наредниот натпревар“, изјави Дејвис по мечот.

“Пелистерци“ претпладнего во напуштаат Нови Сад и заминуваат за Нашице, Хрватска на второто гостување против Нексе од Нашице.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »