Press "Enter" to skip to content

Втор пораз на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата во Нашице од Нексе

Нексе – Еурофарм Пелистер 29:25 (15:12)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва е поразен од Нексе во Нашице, Хрватска, во рамките на 2. коло од СЕХА лигата, со резултат 29:25, полувреме, по пораот од Војводина во 1. коло, пред три дена во Нови Сад.Екипата на Еурофарм Пелистер го започнаа изедначено, по водство на домаќинот од 1:0 врати за 1:1, а некаде до 15 минута одржуваа чекор со ривалот, а ракометарите на Нексе успеаја да дојдат и до два гола предност, но не повеќе.  По 6:6, домаќините во 15. минута следува три гола за Нексе за 9:6. “Пелистерци“ по тајм-аутот на Ларс Валтер дојдоа на -1 (9:8), но за жал на битолчани во 25. минута беше 13:9. Потоа следуваше водство од 5 гола разлика за Нексе, но на одмор се отиде со 15:12.Второто полувреме започна со неколку грешки на двете страни, а Еурофарм Пелистер на 15:13. По неколку  грешки во нападот на “пелистерци“ Нексе во 35. минута дојде до 17:13. По 18:14 Еурофарм Пелистер намали на 18:16, но по две исклучувања во 40. минута Нексе дојде до +5 (21:16), а за брзо и до +7 (23:16). По голот на Атанасијавиќ, ракометарите на Валтер намалија на 23:21. На осум минути пред крајот водството на домаќините беше 24:22, нов о завршницата избраниците на Тамше зголемија на 26:22  за победа во овој натпревар, за конечно 29:25.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер Мирко Радовиќ со пет и Ненад Костески со четири реализации. Марко Кизиќ запиша пет, додека Урбан Лесјак имаше само една одбрана.

Ова беа два гостински натпревари за битолчани и во март следат две домашни средби со Војводина и Нексе.

More from ВестиMore posts in Вести »