Press "Enter" to skip to content

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Битола: Битола ќе е општина која што ќе има најголем Буџет за капитални инвестиции

Денеска во работна посета на Битола беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на кого му беа домаќини градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заменик градоначалникор Бојан Бојковски и дел од кабинетот, како и претседателот на Ок на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски и членови на Општинскиот комитет. 

По работниот градоначалникот на Битола на средбата со новинарите изјави: -Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е во работна посета на Битола, на локалната самоуправа, едноставно да разговараме, да се видиме за она што не очекува во оваа година, за проектите кои ги планира локалната самоуправа. Она што го презентирав и за што разговаравме се обемната програма која ја изготвивме и за оваа година, значи продолжуваме во исто темпо, по мене ударно темпо со кое Битола повторно ќе биде наше поле на работа, за добробит секако на граѓаните. Оној континуитет кој го имавме во изминатата година го продолжуваме уште посилно. Во текот кога ги изработувавме проектите од минатата година, паралелно се работеа проекти за оваа година, значи преку 65 проекти се веќе готови во вредност тоа го спомнав веќе од 1 милијарда денари. Но она кое конкретно го презентираме, тоа се ќе започнам во делот на инфраструктурата преку 40 улици кои планираме да се изработат и тоа најголемиот дел со комплетна инфраструктура. Значи во делот на тој економски развој, тоа е некоја вредност од некои 7.2 милиони евра, обемна активност. Освен во делот на инфраструктурата, едно од поголемите проекти се индустриска улица која е клучна можеби дестинација која ќе биде заобиколница за градот, нова.

Потоа продолжуваме со работите на инфраструктурата и на дооформувањето на паркот, површината на паркот, готово е идејното решение и проектот се изработува за противпожарната, зградата за противпожарна заштита, со прифатилиште за бездомни животни, дел го решаваме проблемот, граѓаните се веќе сведоци дека пополека сигурно имаме веќе склучено со оператор, меѓутоа продолжуваат работите со подобрување на временски услови и на изготвувањето да речам, дооформувањето прво на надворешниот дел, меѓутоа и на самиот објект на самото прифатилиште, голем проект велам кој општина Битола се надевам дека во идните години, не веднаш ќе може да ги реши проблемот. Идејното решение за спортскиот комплекс го имаме. Тоа е голем проект кој чини многу, за тоа ќе се потребни дополнителни средства, бараме начин, еве се консултираме заедно и со луѓе кои добро ги разбираат финансиите, како ќе оди тој проект.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алекдандар Николовски нагласи дека е задоволен од она што го виде во Битола и рече:-Ова ќе е една година на развој и можам слободно да кажам прва година во која што градоначалникот заедно со Советот, заедно со тимот во Општината, заедно со јавните претпријатија можеше целосно да ја креира согласно неговата програма. Затоа што претходната година нели веќе беше година кога беше донесен и Буџетот од страна на неговите претходници. А, ова е прва година која што целосно ќе биде според Програмата и според приоритетите на Тони Коњановски и неговиот тим. Можам да кажам дека одлични работи се случуваат во Битола, не затоа што сме во Битола, но дефинитивно Битола ќе е општина која што ќе има најголем Буџет за капитални инвестиции во цела Македонија. Далеку е пред сите останати општини вклучувајќи ги и скопските општини и тоа е за поздравување и за честитки. Она што е особено значајно е затоа што е во делот на инфраструктура, тоа најмногу им треба на граѓаните. И тоа го забрзува локалниот економски развој затоа што најчесто работат луѓе кои што се од тука, од регионот и на тој начин можат да се вработат луѓе, да приходуваат и да се подобри животниот стандард.

 

Ја спомена градоначалникот обиколницата на Битола, тука се и останатите инфраструктурни проекти, а во однос на спортскиот комплекс јас го видов Планот, навистина изгледа добро и можам да ветам дека Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе најде начин да се исфинансира затоа што се работи за голем проект кој што ги надминува можностите на Буџетот на Општина Битола. И можам слободно да кажам дека ова ќе е една од заложбите на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.