Пред стартот на пролетниот дел од Втората одбојкарска лига на Македонија, екипата на Пелистер Волеј од Битола има јасна цел, а таа враѓање во Првата лига. Капитенот на тимот, Стефани Најдановска, пред стартот на пролетниот дел и по одработување на подготовките кои беа во Битола вели:
-Задоволна сум од нашата редовност, посветеност и дисциплина кои ги покажавме на досегашните припремски тренинзи. Тренинзите генерално се одвиваа на добар начин и секоја од нас сметам дека го даде максимумот. Како и секогаш до сега и оваа пролет ќе одиме на победа и ќе целиме кон првото место и влез во повисокиот ранг. Морам да споменам и дека екипата доби на квалитет и искуство со доаѓање на одличниот играч Софија Прокович која брзо се прилагоди на начинот на игра и ќе биде од големо значење за исполнување на целта оваа сезона. Следува тежок распоред и набиена агенда сабота-недела, КУП во среда, па потоа повторно натпревари во сабота и недела, а тоа се 5 натпревари во само 9 дена, што секако е пеколно тешко, но исто така е голем предизвик на кој одамна навикнавме.