Денес, петок, 3 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови можни врнежи претежно од снег. Максималната температура во Битола ќе биде до 5 степени.
Утре, сабота, 4 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 5 степени.