Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќеска 14 возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер  (03/04.02.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 14 возачи. Од нив 7 на територија на  Битола. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.

 Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »