Press "Enter" to skip to content

Каспер Кисум, двометраш од Данска е нов играч на Еурофарм Пелистер

30-годишниот лев бек Каспер Кисум доаѓа во Битола од тимот на Сондерјуске, а во својата кариера настапуваше за тимовите на Рингштед, Нордсјаленд, Фленсзбург, Битенфелд, Хановер, Феникс Тулуз.

Кисум за неколку дена ќе му се стави на располагање на тимот и стручниот штаб.

Официјалното претставување е предвидено следната недела во клупските простории.