АД ЕСМ потпиша договори за стипендирање со 16 студенти на Техничкиот факултет во Битола. Двајца студенти за првпат станаа стипендисти на компанијата, а за останатите 14 студенти продолжува поддршката бидејќи го постигнале бараниот просек од над 8,5 во текот на досегашното стурдирање. АД ЕСМ за овие 16 стипендисти од Техничкиот факултет во Битола ќе издвои 1.280.000 денари, односно по 80.000 денари годишно за секој.-Тоа е финансиска поддршка од нашата компанија со цел да ги охрабриме студентите да вложат максимални напори и да стекнат знаења кои ќе им отворат подобри перспективи за работа. Нашата поддршка е доказ дека системот, државата се грижат за младите и вложуваат во младите за тие да останат тука, во Македонија и тука да ја најдат својата егзистенција. Се надевам дека наши стипендисти од Техничкиот факултет во Битола по завршувањето на студиите ќе бидат дел од АД ЕСМ, од РЕК Битола. Нашите врати се отворени за млад и квалитетен кадар кој сака да придонесе во развојот на македонската енергетика, порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски по потпишувањето на стипендиите.
АД ЕСМ на Техничкиот факултет во Битола досега има доделено вкупно 26 стипендии. Почнувајќи од 2021 година, износот на една стипендија е зголемен на 80.000 денари, наместо дотогашните 60.000 денари. Во насока на поддршка на Техничкиот факултет Битола, АД ЕСМ во 2019 година додели 10.000 евра за инсталирање на фотоволтаици на покривот на факултетот.

АД ЕСМ потпиша договори за стипендирање со 16 студенти на Техничкиот факултет во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 19 степени
- Еурофарм Пелистер без мака на Куп завршницата, “двојката“ не успеа
- 15 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола