Press "Enter" to skip to content

Мирко Радовиќ, капитен на Еурофарм Пелистер: Архус е најпријатно изненадување во Европа

По ноќното патување раметарите на Еурофарм Пелистер од Битола се веќе во Данска, каде ги очекува тешко гостување кај Скандерборг Архус, во рамките на 7. коло на Лигата на Европа.  “Пелистерци“ се поразени на домашен терен од екипата на Архус, а за тоа како го очекуваат реваншот во Данска, капитенот на тимот Мирко Радовиќ, пред заминувањето од Битола, на последниот тренинг рече:

-Добро се подготвуваме, гледавме видео-материјал за Архус, како и првиот натпревар во Битола. Се обидуваме да сигнализираме каде погрешивме. Се работи за најпријатно изненадување во првиот дел на сезоната, како во Европа, така и во домашното првенство, каде му зедоа “скалп“ на Алборг. Се работи за одлична екипа која игра брз ракомет, екипно се феноменални, имаат одлична контра и полуконта. Утрешниот ден ќе го искористиме за детали и одиме во Данска да дадеме сè од себе и да тргнеме добро годинава во Европа. Тешко беше неделава, бидејќи ние неколкумина од Светско првенство директно дојдовме во Нови Сад, брзо потоа следеше и Нексе и тие натпревари добро ни дојдоа да се воиграме. Штета што не победивме барем еден натпревар од СЕХА лигата. Ќе пробаме тие два натпревари добро да ги искористиме и сега се вртиме на Европа и предизвикот кој ни следи.

More from ВестиMore posts in Вести »