Пелистер Волеј – Виктори Волеј 3:0
(25:22; 25:18; 25:17)
Младинките на Пелистер Волеј одлично го одиграа осминафиналниот натпревар во кој ја совладаа екипата на Виктори Волеј од Струмица со максимални 3:0 по сетови и се пласираа во двомеч бараж меѓу најдобрите осум за оваа сезона.
-Успеавме да ја победиме екипата на Виктори Волеј во кој капитенот повторно ја предводеше својата екипа во нова победа со најмногу освоени поени од вкупно 60, додека речиси сите останати се впишаа на листата, а шанса добија сите играчи, истакнуваат од Пелистер Волеј.
Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 13, Анастасија Ристевска 11, Лиле Лозановска 10, Меланија Каралиоска 7, Ирина Трајковска 5, Билјана Јаковлевска 5, Мила Андоновска 4, Емилија Бицевска 2, Христина Трајчевска 1, Василиче Наумоска 1 и Ана Ицковска 1.