Press "Enter" to skip to content

Битолчани масовно одговорија на повикот за хуманитарна помош за Турција (фото)

Денес на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржува хуманитарна акција која ја покренаа  Назар Салиевска од село Будаково, на која се приклучија и други здруженија од Битола, а со цел сонирање на помош за настраданите жители на Турција во вчерашниот катастрофален земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.

Откако започна собирањето на помошта собрани се големи количини кои ќе бидат испратени за Турција, а на “Магнолија“ помошта, кога ги посетивме, ја собираа Назар  Салиевска, Мурат Салиевски, Налан Салиевска и Инџе Муратовска од село Будаково, Битолско.-За само неколку часа на плоштадот “Магнолија“ од кога сме тука, поточно од 10 часот примаме донации од наши граѓани кои по 16 часот ќе се соберат. Битолчани донираат зимска облека, ќебиња и други производи кои ќе ги испратиме за Турција, како помош за настраданото население. Утре ќе бидеме тука повторно во 10 часот до 16 часот, каде битолчани ќе можат да донираат, од кои сме пријатно изненадени од хуманоста која ја покажуваат, ни рекоа организаторите.

„Ја покренав акцијата, а ни се придружија и други организации. Ќе собираме три ден топла облека, а во сабота камионите што ќе се товарат ќе тргнат за Турција. Собираме зимска облека што можат да се употребат, ќебиња. Задоволна сум од одзивот, народот помага. Уште од утрово има многу донирања, само за три часа собравме многу“, рече Назар  Салиевска. 

Собраната помош ќе се транспортира во соработка со Турската амбасада во Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »