Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: расчистени две тешки кражби, 52 годишна жена починала на работно место, физички напад, санкционирани 36 пешаци

Денеска (08.02.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола лишиле од слобода 37 годишно лице од Битола. Тој се сомничи дека на подрачјето на Битола извршил две тешки кражби, при што одзел повеќе предмети. Украдена е фонтаната кај споменикот “Филип Втори“ и канделабри од шеталиштето во сопственост на Општина Битола и истите се вратени назад. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување  и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 07.02.2023 околу 10.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на работното место во работилница на фирма на ул. „Бурса“ во Битола починала 52 годишна жена од Битола. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а за настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 07.02.2023 во СВР Битола, 68 годишно лице од Битола пријавило дека во близина на црквата „Св.Недела“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на денешниот ден (08.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 36 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 4 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »