Синоќа во Офицерски дом во Битола пред голем број присутни беше промовирана најновата книга посветена на спортот во Битола, “Гимнастиката во Битола“ на Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој неодамна наполни 80 години.
На промоцијата зборуваше и му го честита најновото издание на Миновски, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој рече дека оваа книга која е дваесет и некоја по ред на авторот е еден продонес за спортската историја на градот, а Миновски е единствен кој го прави тоа, и се надева дека и оние 2.500 илјади страници кои чекаат да бидат испечатени ќе им бидат на располагања на читателите.
Рецензенти на книгата “Гимнастиката во Битола“ се Ѓуро Илиќ, Сашо Ристевски и д-р Марјан Танушевски, за кои медијаторот на промоцијата Зоран Мишевски, се луѓето кои најдобро го познаваат авторот, секојневно се дружат и се дел од од најголем дел од творештвото на Миновски.
Гуро Илиќ зборуваше за Миновски, за неговото творештво, за неговиот развој на спортот во Битола како спортски новинар, како спортски работник и како автор кој има напишано најповеќе за спортот во Битола.
Сашо Ристевски се осврна на тоа дека во книгата на Миновски, која е посветена на гимнастиката, можат да се најдат податоци и за лица, настани и објекти кои ги нема во други изданија, а се значајни за историјата на Битола, а поединците кои се споменати во книгата ретко се споменуваат и се непознати за најголем број на битолчани.
Д-р Марјан Танушевски зборуваше за најновата книга на Миновски, колку страници и поглавја има, кој период го обработува, кои личности се најзначајни за развојот на гимнастиката во Битола, кои се првите победници во машка и женска конкуренција, кои се најуспешните гимнастичари, или за тоа како книгата го објаснува развојот и унапредувањето на физичката култура во Битола, со акцент на гимнастиката.
Авторот на книгата Димче Миновски ја користи следната периодизација, турска управа 1912-1941, српска и бугарска управа и периодот на ослободувањето до осамостојувањето на Македонија и времето оттогаш до денес, а на промоцијата рече:
-Секој перод има свои спецификации. Податоци и бројки. Во овој труд ќе ги поместиме позначајните моменти од кои сепак можа да се проследи појавата, развојот и унапредувањето на гимнастиката, како во Република Македонија, така и во Битола. Се разбира наш интерес повеќе е гимнастиката во Битола.
Книгата е испечатена со помош на битолскиот бизнисме Александар Митковски, кој како рече имал “обврска“ кон сите кои се заминавале со гимнастика, меѓу кои не неговиот татко Ристо Митковски и секако кон авторот Миновски кој единствен во Битола ја третира оваа проблематика, историјата на спортовите во Битола.
Ова е 21 по ред книга на Миновски, а покрај историјата на спортовите во Битола, боксот, ракометот и гимнастиката, има и романи кои го обработуваат средниот век во Битола, одбраната на Битола од Турците, како и авантуристички романи.

Промовирана новата книга на Димче Миновски “Гимнастиката во Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево, температурата до 32 степени.
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
- ФИКТ Битола потпиша меморандум со Министерството за енергетика, рударство…
- Асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“ во „Мал Париз“
More from КултураMore posts in Култура »
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- “Етеричен хербариум“ – изложба на Лидија Стефановска во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- Проекции на два филма во чест на Тони Наумовски од Битола на фестивалот “Преку езерото“
- “Ехо од Хераклеја“ концерт на Миле Кузмановски и Камерен оркестар
- Во УКЛО Битола работилница за оригиналниот пристап Science4Reel за комуникација на науката преку креативни видеа (фотогалерија)









