Управата на Пелистер од Битола продолжува со екипирање на тимот за наредниот период, а како нов фудбалер кој потпиша договор со клубот е талентираниот голман Андреј Јовчевски. Јовчевски има 19 години и стави потпис на договорот за соработка зa следните две и пол години.
Од Јовчевски се очекува да биде иднината на битолскиот клуб, кога во прашање е голманската позиција, а сег е дел од репрезентација до 21 година.
-ФК Пелистер потпиша две и пол годишен договор со 19-годишниот голман Андреј Јовчевски кој е репрезентативен потенцијал и се надеваме дека ќе се наметне во У21 репрезентацијата на Македонија кај селекторот Драган Канатларовски, потенцираат велат од Пелистер.
Претходно, договори во Пелистер потпишаа и Парталко, Наумоски и Спиркоски.