Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 23:26 (11:14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола, Гледачи: 1.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Јанковски 1, Бошњак, Ристевски 1, Стоилевски 8, Митревски 4, Димитровски, Талевски, Петровиќ 4, Ивановски 1, Буторац 1, Белистојановски 1, Маџовски, Мијушковиќ, Блажевски, Арсеновски 2.
Охрид: Миленковиќ 1, Речкоски, К. Андоноски 1, Рустамов 2, Дрогришки 7, Кочоски, Ѕинѕадѕе, Д. Андоноски, Василевски, Ристески, Тасески, Шешиќ 2, Каракоч 2, Бојаниќ 4, Боудрали, Цирар 7.Во Бит0ла, во спортската сала “Боро Чурлевски“, со убав ракометен амбиент кој го направија навивачките групи “Чкембари“ и “Рибари“, беше отворен плеј-офот, но за жал на околу 1.000 гледачи, екипата на Еурофарм Пелистер 2 е поразена од Охрид, која не дозволи пресврт во 60 минути.
Гостите од Охрид на почетокот на натпреварот направија разлика од три гола, а Пелистер намали на -1, а потоа и неколку пати имаше реми. Следеше период на грешки, во кој подобро се снајдоа момците на Андоновски и на одмор заминаа со предност од 11:14.
На стартот на вториот дел Еурофарм Пелистер 2 израмни на 15:15. во 36. минута. Охрид повторно создаде предност од три голови, која ја одржуваше низ средината на вториот дел, а последните седум минути беа интересни, а Еурофарм Пелистер 2 имаше три шанси повторно да го израмнат резултатот. На две минути до крај со грешка “пелистерци“ му дозволија на Охрид да се врати на +2, а потоа следуваше и конечен резултат 23:26.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Стоилевски со осум гола.