Денес сабота, прекрасна глетка на скијачи, бордери, деца на санки… на ски-патеката Ниже поле со кој стопаниасува ЈП “Стрежево“ од Битола. Вубениците на снегот, зимски спортови и планината, уживаа на зимското сонце и чист воздух во туристичкиот центар Ниже поле, а освен од Битола ги имаше од околните градови.
Многубројни возила, според регистарските таблички покрај битолски ги имаше од Прилеп, Охрид, Ресен, Демир Хисар, сабота рано претпладне се упатија кон падините на Баба планина и Ниже поле. Вака и започна викендот создаден за уживање во убавините на снегот кој долго се очекуваше оваа зима. Особено го очекуваа оние кои рекреативно или професионално се занимаваат со зимски спортови. Зимско летниот туристичкиот центар и ски стаза Ниже поле се наоѓа на 15 километри од Битола, со истиот стопанисува ЈП “Стрежево“ и викендот подготвени за добро органзирани интересни активности. Поразговаравме со дел од тимот задолжени за подготовките на ски центарот.
Менде Граматковски директор на ЈП “Стрежево“ изјави:
-Денес сите патишта водат кон Ниже поле, а така беше и претходните денови откако падна снегот. Ние сме спремни, а подготовките ги започнавме уште во декември. Направивме претходно во текот на подготвителниот период сервис на електро машинската опрема и набавивме инспекциско возило кое изврши увид на ски лифтовите. Снегот задоцни, но сепак заврна и го има некои 30 см, доволно за скијање. Со минималните врнежи ние како општествено одговорна институција,започнавме со подготовка на ски стазата. Ниските температури овозможија да и покрај недоволните врнежи, се натапка стазата. За тоа се заслужни работниците кои два дена работеа на истата. Сето ова го направивме за сите оние кои доаѓаат во ски-центар Ниже поле. Денес има многу вљубеници на зимските спортови и чист планински воздух од Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Демир Хисар… Претходната недела започнавме и со ноќно скијање, на големо задоволство на сите кои сакаат да се скијаат под ноќно звездено небо. Подготвивме и други изненадувања за овој викенд. Интересен настан за во недела, журка за сите, но не би откривал повеќе.
Горан Марковски одговорен за ски-центарот „Ниже поле“ изјави:
-Еве веќе шести ден скијаме со минимални услови со минимални 30 сантиметри снег. Снегот го нема, но желбите и меракот голем. Задоволство уште поголемо кај скијачите, кој го чекаат од декември.
–Се надеваме дека ниските температури ќе го задржат снегот уште некој ден, за да има уште некој ден за скијање. Сите ние сме подготвени. Ски ценатрот Ниже поле го опслужуваат 29 луѓе секој на работно место со своја тежина и одговорност. Тоа се на ски центарот, лифтовите, чајџилницата. Сите ние се трудиме се да биде во најдобар ред за гостите кои ни доаѓаат, додава Марковски.
Маријан „Триборд“ инструктор за бордање, беше на еден дел од ски стазата каде им даваше инструкции на своите ученици за борд, зимски спорт во тренд.
-Бордањето е во тренд, да. Но за разлика од минатата зимска сезона кога имаше долга сезона и голем број ученици. Оваа година задоцнувањето на снегот го направи своето има голема разлика од минатата сезона.
Јасминка Грбевска со семејството уживаше на сонце кажа:
-Прекрасното време беше причина за да дојдеме уште рано, добра атмосфера има тука и секој на свој начин ужива во планинските убавини. Еве синот Алексеј со другарчето скијаат од 10 часот и се неуморни. Едвај го дочекавме снегот оваа година и најубаво е тука, не би оделе подалеку, снег има доволно за скијање. Утре повторно ќе дојдиме, има изненадувања, најавена е журка на страната на ски центар Ниже поле. Затоа ќе дојдеме рано за да си фатиме маса и да уживаме“.
Прекрасната глетка на убавините на природата, снежни планински пејсажи на зимско сонце со контраст сино небо, свежиот воздух придонесоа барем за миг, да се заборават секојдневните проблеми, лоши вести и слики за војна, земјотрес, економска криза. Викенд за опуштање, добра атмосфера и расположение и зависно од возраст секој на свој начин уживаше во планинските убавини.
Жанета Ристевска