Пелистер Волеј – Бами Кор 3:1
(25:16; 22:25; 25:19; 25:18)
Пелистер Волеј совлада еден од директните конкуренти за втората позиција екипата на Бами Кор од Тетово, која во Битола се претстави во одлично издание и беше повеќе од достоен противник. Сепак, победата и трите бода остануваат во Битола, а “пелистерки“ се вратија на победничките патеки во 11. коло од првенството на Македонија.
Одличната самодоверба и значителното подобрување во секој сегмент од играта е за поздрав, а за нашите одбојкарки само честитки за прикажаната игра.
Поените ги освоија: Стефани Најдановска 16, Софија Проковиќ 16, Ивана Белокозовска 10, Христина Трајчевска 5, Билјана Јаковлевска 5, Лиле Лозановска 3, Меланија Каралиоска 3, Емилија Бицевска 1 и Василиче Наумоска 1.