Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 46 возачи возеле под дејство на алкохол, кај еден “дрегерот“ покажал 2,41 промили

Во текот на изминатата вечер (11/12.02.2023), во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Според илустрацијата на МВР еден возач имал 2,41 промили алкохол, а бил контролиран во 3 часот и 41 минути.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци.