Во пресрет на утрешните два празниците Св. Трифун и Св. Валентин, националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во холот постави празнична изложба на книги, каде се изложени книги во сопственост на библиотеката од македонски и странски автори кои пишувале на тема вино, љубов, традиција.
На празничната изложба изложени се книгите кои асоцираат на празникот Св. Трифун, односно „Вино, култура и традиција“ од авторот Мишо Христовски, „Леб и вино“ од Димитар Христов“, „Во виното е вистината“ од Милијана Павловска….како и книги кои организаторот ги посвети на празникот Св. Валентин, односно книгата „Добро утро, љубов!“ на авторката Милена Лунеска, „Време за љубов“ од Маја Стојковска, „Сѐ е љубов“ од Јована Хисмаер, „Еднаш одигравме љубов“ на Елена Конеска, потоа книгата „Не можеш да ми купиш љубов“ од Мари Форс, „Последното љубовно писмо“ од Џоџо Мојес…и други.