Играчи на билјард од Битола и љубителите на оваа игра со нетрпение го дочекаа стартот на натпреварувачката сезона 2023 година, која започна со досега незапаметен интерес. “Гран Клуб“ од Скопје иако огромен и еден од најдобрите клубови на Балканот беше претесен да ги прими рекордните 54 натпреварувачи во “Б лигата“, 16 те постојани членови за оваа сезона во “А“ лигата како и многуте гледачи кои беа во огромен број.
-Битолскиот клуб на стартот се претстави, како и секогаш, со најголем број на учесници, вкупно 21 играч. Мастерсот во “Б“ дивизијата почна во сабота и имаше завршница во недела каде дури 6 мина Битолчани влегоа во осмина финалето,вели тренерот Горан Думевски.Даниел Бошковски како и дебитантите Никола Гроздановски и Филип Трајчевски беа петти, а солидна игра прикажаа повратникот Горан Василевски, Никола Стојановски и јуниорот 14 годишниот Илија Димовски од кого допрва се очекуваат резултати го освоија 9 тото место. На турнирот исто така настапија Тони Петровски, Игор Димовски, Ѓорги Димитров, Стевче Груевски, Реџеп Клења i Андреј Ангеловски и вредно е да се напомене дека сите Битолски играчи имаа барем по една и повеќе победи.
-Во “А“ дивизијата се случи тоа што се очекуваше и тука нема да има дилеми оваа сезона. Казнената експедиција од Битола едноставно ќе ја прегази конкуренцијата оваа година и секој влез на некого што не е од нашиот клуб во полуфиналето или во наградените во генералниот пласман ќе биде изненадување. Од Вкупно 7-те наши играчи, не настапи само Игор Радичоски, кој се наоѓаше во спасувачка мисија за настраданите во Турција. Уште во првите кола се навести што ќе се случи, а со 3-цата полуфиналисти неизвесноста ја снема, додава Думевски.Христо Василевски очекувано беше прв и разликата во квалитет во однос на конкуренцијата ќе се зголемува со оглед на тоа дека е нон стоп во тренажен процес. Изненади Теодор Најденов со третото место, а добро одигра Златко Ицаноски кој исто така беше бронзен. Наум Гулески кој со своите 61 гоини е највозрасен натпреварувач очекувано оствари една победа како и Илче Трајковски кој може многу повеќе. Никола Србиновски ќе мора да причека за прва победа но со квалитетен тренинг се надеваме дека тоа ќе се случи скоро.
-Вистинско уживање беше тоа што каде и да се завртиш можеа да се забележат нашите играчи кои беа и најбројни и најдобри, а со облеката која задоволуваше кодексот на облекување “Б“ па и со клубските маици беа слика, прилика и пример како треба да изгледаат вистински билјард играчи. Гледајќи го финалето во кое беа нашиот Христо и Андреј Ѓурчиновски од Скопје кој е 12 години па кога тука ќе го додадеме и неискусниот 14 годишен Илија Димовски од Битола не можеме, а да не заклучиме дека конечно е дојдено времето на школувани и играчи кои што се континуиран тренажен процес, вели Думевски.Резултатите се очекувани, билјајд играчите продолжуваат со тренинзи за подобар пласман во “Б“ лигата, а со враќањето на Радичоски и со влегувањето во форма на Трајковски, дополнително ќе го зголемиме и квалитетот во “А“ дивизијата.
И на овој турнир делегат и главен судија Беше Горан Думевски – Панчо а, судија и деск топ асистент беше Горан Петровски, обајцата од Битола.